HacksHow ToКампувањеРиболов

DIY трик за ладна храна во природа

Кога си во природа, а немаш пристап до електричен фрижидер, решението е едноставно, ефикасно и еколошко, замрзнати пластични шишиња со вода!

Што ти треба?

  1. Пластични шишиња од различни големини (0.5L, 1L, 2L)
  2. Вода
  3. Преносен фрижидер (или изолирана кутија)

 

Како се прави?

  1. Наполни ги шишињата со вода, но не до врвот, остави простор бидејќи водата се шири кога замрзнува.
  2. Стави ги во замрзнувач и остави ги добро да се заледат.
  3. Кога тргнуваш на пат, нареди ги замрзнатите шишиња во преносниот фрижидер.
  4. Храната се става меѓу и врз шишињата, на овој начин останува свежа и ладна со часови, дури и со денови.
  5. Откако шишињата ќе се одмрзнат, имаш чиста и ладна вода за пиење!

Овој метод е идеален за викенд кампување, излети со деца, риболов или планинарење, не само што ја одржуваш храната безбедна, туку и се грижиш за природата.

 Совет плус: Користи шишиња од издржлива пластика и секогаш имај неколку резервни за повторна употреба. Можеш да ги комбинираш со влажни крпи или алуминиумска фолија за подобра изолација.

 

 

Слични постови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Проверете исто така
Close
Back to top button