
Првиот снег во Македонија
Денеска Македонија го доби првиот снег за оваа сезона. Иако календарски уште сме во есен, зимата годинава пристигна порано од вообичаено. Во изминатите недели температурите беа повисоки и дозволуваа активности на отворено, дури и капење на некои места, а денес веќе имаме зимски услови на планините.
Каде падна првиот снег?
Првиот снег беше забележан на повисоките места, пред сè на Шар Планина, Маврово, Бистра и околните планински региони. Температурите во утринските часови значително се спуштија, што овозможи формирање на снежна покривка. Во урбаните средини снег засега не се задржува, но најавите на метеоролозите укажуваат дека во наредните денови ќе има нови врнежи и постепено заладување низ целата земја.
Ако продолжат врнежите со ист интензитет, љубителите на зимските спортови може да ја дочекаат скијачката сезона порано од очекуваното. Време е полека да ги подготвите скиите и бордовите.
Временска прогноза за наредните денови
Метеоролозите најавуваат променливо време:
-На планините се очекуваат нови врнежи од снег.
-Во низините и градовите ќе има дожд и заладување.
-Утринските температури ќе бидат ниски, со можен мраз.
-Во текот на викендот се очекува делумна стабилизација со повеќе сончеви периоди.
За најточни и редовно ажурирани информации, следете ја временската прогноза на нашата веб страна, каде секојдневно ги објавуваме условите за сите ппланински региони во Македонија.
Оваа рана појава на снег е потсетник дека временските услови брзо се менуваат и дека љубителите на природата треба да ја прилагодат својата опрема и активности според новата сезона.




